Македонија
11. April 2019 - 10:31

Се обновува оштетената урбана опрема во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица почна реновирањето на дотраената и оштетена урбана опрема во централното градско подрачје. Акцијата ја спроведува екипа на Јавното претпријатие ,,Камена Река”, а во моментот се обновуваат дел од оштетените клупи и канти за отпадоци во централното градско подрачје и кејот на Каменичка Река.

-На споменатите локации урбаната опрема се обновува, додека на одредени места според потребите се поставуваат нови клупи и друга додатна урбана опрема. По обновувањето на урбаната опрема како дел од почнатата акција за разубавување на градот, ќе продолжиме со засадување на декоративни цвеќиња на јавните површини во центарот на градот и градскиот плоштад, информира Влатко Андоновски, директор на претпријатието.

Оваа активност додава Андоновски, ќе започне веднаш по подобрувањето на временските услови.

 Во рамки на еко-акцијата „Пролетно чистење“, општина Македонска Каменица претходно пролетно се разубавуваше со засадување на декоративни зимзелени и листопадни садници.