Се нурна во длабочините и сними едно од најретките морски суштества

Пени Билич од британскиот островот Ман нуркала околу островот Комодо во Индонезија, кога забележала мистериозно морско суштество.
Станува збор за ајкула од видот Megashasma pelagios, која првпат е забележана во водите крај Хаваите во 1976 година, јави „Дејли мејл“.
Научниците во последните 40 години снимале средби со овој вид ајкули само 63 пати, па Билич гордо истакна на Инстаграм дека и е мило што таа е онаа што го видела ова „чудовиште“ по 64-ти пати.
Овој вид ајкули имаат многу голема уста, но научниците велат дека тие не претставуваат закана за луѓето.
Оваа ајкула може да порасне до пет метри, а живее и до сто години. Преку ден таа се спушта на длабочина до 160 метри, додека ноќе оди на лов изронувајќи до длабочини од 12 метри.
Големите ајкули ловат така што ја отвараат устата и специјалниот вид „филтер“ од внатрешната страна на вилицата собира храна, главно зоопланктони.
Најголем број на овие морски суштетства се забележани во водите околу Јапонија, Филипини и Тајван.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
