Се нудеше награда од 10.000 долари за оној кој ќе го најде - кој беше Дилавер Бојку Леку?

Дилавер Бојку Леку кој попладнево беше убиен на плажа во Струга, на јавноста и беше познат како стопанственик и поранешен осуденик за организирање на проституција кога пред повеќе од една деценија го привлече вниманието на полицијата како сопственик на ноќниот клуб „Еспресо“ во Велешта, неговото родно место. Сопственик бил и на ноќен клуб „Кис ми“ и хотел „Берн“ во близина на Струга за кои бил обвинет дека ги користи за проституција. Тој беше обвинет за заробување на млади жени од Украина, Романија и Молдавија, за бело робје. Жените со физичка присила морале да се проституираат.
Бојку на 20 јуни 2003 година избега скокајќи во црна кола, во близина на затворот во Струга, додека во придружба на обезбедување, но без лисици на рацете, чекаше да го спроведат до суд со полициско комбе, а САД понудија награда од 10.000 долари за информација која ќе води до негово наоѓање и тој беше познат како „најпознатиот Македонец надвор од Македонија, за случајот е заинтересиран ФБИ“.
Бојку во координирана акција со црногорските власти и македонското Министерство за внатрешни работи беше фатен во Улцин, Црна Гора и со хеликоптер беше екстрадиран во Македонија и доби 3 години и 8 месеци.
Се уште не се јасни причините за неговото убиство, ниту сторителот, но во јавноста се шпекулира дека станува збор за крвна одмазда.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
