Се нормализира и патничкиот железнички сообраќај
Железничкиот сообраќај повторно нормализиран. Не сообраќаат само два воза, и тоа од Скопје кон Битола и обратно. Раководството на железница ќе се фокусира на обезбедување на пари за редовна исплата на платите. Се прават напори работниците да го добијат и февруарското примање. Од менаџментот велат дека само со работа ќе можат да се надоместат штетите од блокадите. И нема да дозволат вакви долги прекини во иднина.
-За да не биде доведена во прашање исплатата на февруарската плата затоа што протестот траеше 15 дена од тој месец, според Коруноски уште од вчера се фокусирале на исполнување на обврските кон договорите. - Во овој момент имаме најава за голем број возови. Од вчера кога почнавме со работа само во текот на ноќта се примени и опслужени осум возови, а за денеска имаме најавено 13 возови. Тоа е добра динамика на работа што треба да ја искористиме за да можеме да ги обезбедиме средствата за плата за вработените, наведе Коруноски, одговарајќи на новинарски прашања.
Колкави се штетите од протестот допрва ќе се утврдува. Компаниите кои го користат превозот најавија и тужби поради претрпените загуби. Коруноски разговарал со фирмите и се надева дека соработката ќе продолжи и во иднина.
За деблокада на железничкиот превоз Владата минатата недела ја зголеми финансиската помош која месечно ја исплаќа на МЖ Транспорт. Компанијата ќе добива по 70 милиони денари годишно.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
