Македонија
28. December 2017 - 10:40

Се намалуваат водостоите на реките

- Водостоите на реките во Македонија се под просект за декември со исклучок на Црн Дрим на мерното место Ложани каде нивото е за речиси половина повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците на УХМР, водостоите на природните езера се во рамките на просекот за декември, а нивото на Охридското Езеро е за 15 сантиметри повисоко од минимално дозволеното.