Се намалува бројот на семејства кои се занимаваат со земјоделство
Сè помал е бројот на земјоделски семејни стопанстава во земјава. Земјоделците се пензионираат без да остават наследник кој ќе ја работи нивната земја. Закон со кој се регулираат семејните стопанска има но е неупотреблив, се жалат од агроздруженијата.
-Без подлабоко дефинирање на земјоделските семејни стопанства тие не можат да се одвојат од останатите земјоделски стопанства. И да најдат посебно место во политиките преку третирање од специјални мерки за поддршка, рече Васко Хаџиевски од Здружението на Агроекономисти.
Државата по препораките на Европската унија ќе ги помага ваквите бизниси. Тие ќе добиваат до 6, односно 12 илјади денари, во зависност од тоа дали имаат земја до половина или до еден хектар.
-Обезбедена е зголемена поддршка од 130 милиони денари. Овие земјоделски стопанства се 13.000 на број. Тие се тие за кои што навистина треба да направиме сè за да ги задржиме во руралните средини, посочи министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Европските искуства покажуваат дека токму семејните фарми ги даваат најквалитетните земјоделски производи.
-Најчесто увезените производи од странство имаат пониска цена, но исто така, и послаб квалитет, појасни Золт Церге од Асоцијацијата на млади словачки фармери.
Според земјоделскиот попис во 2007. година, во земјава има над 192 илјади земјоделски домаќинства, а над 90 отсто од нив влегуваат во оваа категорија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар