Се најавува големо невреме: Овие работи тргнете ги од дворовите и терасите
Големо невреме проследено со град и ветер ја погоди Македонија.
Метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ кажал дека до крајот на неделава на Балканот ќе преовладува вакво време и треба да бидеме подготвени.
Еве што треба да направите пред невремето да стигне до вас, а на тој начин да ја намалите потенцијални штети.
-За сите предмети на терасите или дворовите за кои сметате дека може да ги однесе ветер и со тоа евентуално да повредат некој, добро прицврстете ги. Тоа особено се однесува на саксии со цвеќиња, кои многу лесно може да одлетаат. Поточно најголем број повреди и штети настануваат токму поради нив.
-Ако сте во автомобил, најдобро би било да го паркирате крај пат и да чекате невремето да помине.
-Избегнувајте било какво излегување на отворено, освен ако навистина морате. Најдобро е да останете таму каде што сте.
-Ако сте веќе на отворено избегнувајте паркови или дрвореди.
Ново на Сител
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста