Македонија
6. July 2018 - 16:33

Се менуваат правилата, средствата од игрите на среќа нема да се делат на исти организации

Инвалидските организации да добиваат пари од игрите на среќа и забавните игри според понудените проекти, а не како досега секоја година приходите да завршуваат само кај седум организации, бараат од Полио Плус. Оваа прашање беше отворено на денешната дебата во организација на движењето против хендикеп.

- Постоечката политика од страна државата парите секоја година ги распределува само на седумте инвалидски организации доведува до „Divede at Imepra” односно до раздор во самото движење на лицата со хендикеп и неможност да се создаде единствен глас на организациите на лица со хендикеп, изјави Звонко Шавревски, движењето против хендикеп Полио Плус.

Заменик министерот за труд и социјала  најави менување на сегашниот модел и прераспределба на парите од игрите на среќа на сите организации кои активно работат на подобрување на животот на лицата со хендикеп.

-Од овие дебати ќе имаме добри резултати. Кои се активни, кои се пасивни и по заслуженото ќе ги добијат средствата. И цело време ќе имаме надзор над овие средства, изјави Ѓонул Бајрактар, заминик министер за труд и социјална политика.

Покрај пратеници и повеќе македонските инвалидски организации денешната дебата ја следеа и претставници на лицата со инвалидност од Босна и Херцеговина кои исто така се залагаат со единство на сите здруженија да изнајдат модел и да побараат од државата да им дава пари само на организациите кои работат за лицата со хендикеп.

-А не само по име да добиваат средства и немаат обврска да ги трошат за доброто на лицата со инвалидност, изјави Суад Захировиќ, Информативен центар за лица со инвалидитет Лотос од Тузла.

Инаку годинава од приходите од игрите на среќа во Македонија се одвоени 70 милиони денари за активности на седум организации и здруженија на лица со инвалидност.