Македонија
27. October 2015 - 20:38

Се крпат дупките на автопатот Тетово - Гостивар

Пополнувањето на дупките со асфалт се одвива од Гостивар кон Тетово, а ќе се направи и во спротивниот правец.
Поради работите на патот, надлежните апелираат за внимателно управување со возилата. 
 
Следна активност на вработените во Македонија пат ќе биде поставување на жичана ограда. 
 
Делницата Тетово-Гостивар во еден правец, помеѓу двете патарини има речиси 17 километри.