Се криел на гробишта: По 16 дена, конечно уапсен монструмот кој ја киднапираше малата Моника- еве за што бил претходно осудуван

Во Србија е уапсен Нинослав Јовановиќ, познат како „Малчанскиот берберин“, кој е осомничен за киднапирање на малата Моника Каримановиќ, потврдија во Вишото јавно обвинителство во Ниш.
Потрагата по Јовановиќ траеше од 20 декември, кога ја киднапираше и ја злоупотребуваше Каримановиќ (12) во селото Суви До. Во меѓувреме, таа беше пронајдена во село Јасеновиќ, по 10-дневна потрага, јави дописникот на МИА од Белград.
Јовановиќ е уапсен од полицијата, по пријава, на Малчанските гробишта, каде се криел деновиве.
Тој беше уапсен во средината на октомври 2018 година под сомнение дека преку апликацијата месинџер испраќал пораки до повеќе женски лица, каде барал од нив да му достават скратена коса или да ги шиша во замена за паричен надомест.
„Малчанскиот берберин“ претходно беше осуден на 12 години затвор за шишање и силување 12-годишно девојче, а во 90-тите години исто беше осуден за силување на 10 години затвор.
Јовановиќ по издржувањето на казната беше ослободен на 18 март оваа година.
Во моментов во Србија има запишано 306 лица во Регистарот на педофили. Тоа се лица кои се конечно осудени за некое од кривичните дела против сексуалната слобода врз малолетни лица, на кои се применува „Законот на Марија“, донесен во 2013 година.
Ново на Сител
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
