Се излеа хемиска пена на булевар во Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски тврди дека сторителот е идентификуван

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е идентификуван сторителот одговорен за хемиското истекување што синоќа предизвика вознемиреност кај граѓаните. Во објавата на Фејсбук, тој посочува дека од средишната шахта на булеварот „Александар Македонски“ во Гази Баба се излеа голема количина хемиска пена, што претставува сериозно прекршување на еколошките прописи.
-Сторителот е пронајден, постапуваме веднаш! Никој не смее да го загрозува здравјето на скопјани. Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба. Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во состојбата. На лице место беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина, објави Ѓорѓиевски.
Тој информира дека се змени проби од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице.
-Детално ќе биде анализиран елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси. Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки. Никакво отстапување нема да биде дозволено, секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните, ќе се соочи со целосната сила на институциите, напиша во објавата градоначалникот Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
