Се издаваат евидентни листови со што почнаа официјалните подготовки за новата реколта тутун
Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп денеска почна издавањето евидентни листови за новата реколта тутун со што и официјално почнаа подготовките за новото производство. Тутунопроизводителите од Прилеп, Кривогаштани и од Долнени ќе може да ги обезбедуваат евидентните листови со кои потоа ќе склучуваат договори со откупувачите на новата реколта тутун.
Според раководителот на Подрачната единица, Зоран Пачешкоски, евидентните листови се неопходни и годинава, а се очекува ова да биде нивна последна употреба.
– Евидентните листови од денеска ќе може да се издаваат во Подрачната единица. Со новиот закон за тутун кој е во собраниска процедура ќе бидат укинати од наредната година. За прилепскиот регион лани беа издадени 10.300 евидентни листови, а тутунот беше засаден на околу 6.500 хектари. Годинава се очекува зголемено производство, да се издадат околу 11.000 евидентни листови и тутунот да се засади на преку 7.000 хектари, вели Пачешкоски.
Ова се должи на солидната ланска реколта, зашто се постигна добра откупна цена. Откупот привршува и повеќе од половината од вкупно откупените 25.000 тони во земјава, се од прилепскиот регион.
-До денеска се откупени 25.000 тони тутун по просечна цена од 214 денари на ниво на Македонија, од кои во Прилепско околу 13 000 тони за кои производителите и оваа година може да очекуваат повисоки субвенции како лани, односно за прва класа по 80, за втора 70, а за трета и другите класи по 60 денари од килограм. Само по основа на субвенции, во прилепскиот регион ќе бидат исплатени околу 14 милиони евра. Бидејќи реколтата 2018/2019 е една од најдобрите, очекуваме интересот за новата реколта да биде уште поголем. Владата и Министерството за земјоделство остануваат фокусирани на развојот на производство на квалитетен тутун и на непречен откуп, изјави Пачешкоски.
-Јас сум тутунопроизводител од Небрегово. Лани имав преку три тони тутун од 15 декари и ми беше откупен по просечна цена од 221 денар. Можеби можеше и подобро, но таква беше годината. Годинава ќе имам барем исти површини засадени со тутун, но размислувам и да насадам повеќе. Досега немаше проблем за пријавувањето за добивање евидентни листови, вели тутунопроизводителот Блаже Мирчески.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз