Се истражува локалитетот Градиште, Младо Нагоричане

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, стручните екипи од Музејот во Куманово, под координација на Управата за заштита на културното наследство, работат на ископувања на локалитетот Градиште во близина на кумановското селото Младо Нагоричане.
На повеќеслојното наоѓалиште се откриени делови од градби, меѓу кои особено се значајни остатоците од градбата кои најверојатно припаѓале на луксузна резиденција или палата, која датира од 3 до 4 век пр. н.е., чии ѕидови биле премачкани со боен малтер. Пронајдени се и богата декоративна камена пластика и капител од јонски столбови. Поради значајните наоди, археолозите претпоставуваат дека се работи за палата на локален пајонски владетел.
Според некои истражувачи, населбата најверојатно страдала во налетот на келтските племиња во 280/279 г. пр.н.е., по што била обновена, но во поскромен обем.
Резултатите од годинашните ископувања се особено значајни затоа што преку добиените сознанија, кумановскиот регион се вклучува во цивилизацијата која егзистирала во посочениот период во Скопскиот, Овчеполскиот и Јужноморавскиот регион, а чиј развој се следи преку локалитетите Градиште - Кнежје и Кале - Кршевица.
Локалитетот Градиште, Младо Нагоричане е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот.
Ново на Сител
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
