Се испорачуваат учебниците за 2024-2025 година, Јаневска апелира до директорите на училиштата да бидат подготвени за приемот

Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година.
-Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност и ажурност на сите училишни директори. Во оваа насока е и пораката која министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска ја упати до училишните раководства, посочувајќи дека учениците и наставниците се нивна основна грижа и токму нив им требаат учебниците, а тоа значи дека треба да организираат соодветен прием на истите, соопшти МОН.
Како што наведува во известувањето, министерката Јаневска на раководствата на училиштата им порача дека нивна обврска е да ги примат учебниците во терминот кој навремено им е посочен од дистрибутерот.
-Сигурна сум дека секој од вас има доволно персонал на располагање и може успешно да ја заврши обврската. Очекувам сите да сме на висина на задачата, со цел добро подготвени да го дочекаме стартот на новата учебна година, вели министерката Јаневска во пораката до директорите на основните и средните училишта.
Таа додава дека дистрибутерите немаат должност да доаѓаат по втор или по трет пат во училиштето за да ги достават учебниците и затоа, вели таа, „какви било изговори на директорите за одложување на приемот се неприфатливи“.
Министерството за образование и наука истакнува и дека заедно со другите надлежни институции продолжува да се залага за обезбедување на сите останати учебници по предметите во основното и средното образование за кои досега не се одобрени.
-Акцент ќе биде ставен на учебниците по странски јазици од прво до деветто одделение за кои процесот за одобрување е започнат, но и поништен од претходното раководство во МОН и во тек е жалбена постапка, по чие завршување повторно ќе се објави јавен оглас согласно законските прописи, наведува МОН во соопштението.
Ново на Сител
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

Од Министерството за односи меѓу заедниците исчезнати 30 лаптопи, точено гориво без контрола, исплаќани плати без доказ за присуство
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
