Се интезивира жетвата во Пелагонија

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола информира дека поволните временски услови и високите дневни температури овозможија да се интезивираат жетвата на пченицата и јачменот од годинешниот род.
Според Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Битола, од денес почнува интензивна жетва, но за жал со ниски приноси и слаб род кој беше уништен со пролетните поплави.
- Првичните резултати се незадоволителни. Се жнее во земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, а жнеат и индивидуалните земјоделски производители но првите приноси од пченица од ожнеан хектар се движат од 1.500 до 2.000 килограми, додека приносите од јачмен се уште помали и изнесуваат од 1.000 до 1.500 килограми по хектар. За жал од 5.000 под јачмен за жнеење останаа само 2.000 хектари, а значително намалени заради оштетување и уништување се и површините што беа посеани со лебно зрно и ова лето во Пелагонија се жнеат само 10.000 хектари со пченица, посочи Србиновски.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Линеарното покачување на пензиите останува во сила
-

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
