Македонија
27. August 2015 - 20:49
Се интензивира изградбата на пречистителна станица во Прилеп
“Извесниот застој при реализацијата на капиталниот проект “Пречистителна станица”, предизвикан заради средување на техничката документација на изведувачот е надминат, па, работите се изнтензивираат со цел да се испочитуваат претходно утврдените рокови” – изјави при денешната работна посета на Прилеп, министерот за животна средина, Нурхан Изаири.
Пречистителната станица во Прилеп е прв ваков проект во земјава. Тој се состои од три компоненти, и истиот целосно треба да биде завршен до 2016-та година, а треба да обезбеди: модернизирање на канализационата мрежа, прочистување на отпадните води и прозводство на еколошки здрави змејоделски производи.
Овој капитален проект, се финасира со европски пари обезбдени преку Владата на Република Македонија.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
