Се гради втора капела на прилепските гробишта
Изградбата на капелата на старите гробишта во Прилеп треба да заврши за еден месец, соопштија денеска од Иницијативниот одбор за изградба на капелата и надлежните од прилепската локална самоуправа кои беа на терен за да се види како течат градежните работи.
Според Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање ова е втора капела во рок од две години што се гради во Прилеп. Првата е изградена на новите градски гробишта.
- Оваа капела на старите градски гробишта во централното градско подрачје е од помал обем. Тука ќе може да се изведува само една погребална церемонија, а ќе има и други простории кои се потребни за објект од ваков карактер. Капелата е во крајна фаза на изградба и се очекува да биде готова за околу еден месец. Треба да се постават дограмата, подовите, инсталацијата. Паралелно со градежниот е и партерното уредување околу објектот. Ова е многу потребен објект за Прилеп, вели Нешкоски.
Изградбата на објектот ја финансира Иницијативниот одбор за изградба на капелата, кој е формиран од општината пред повеќе години. Членот на одборот Симон Наумоски вели дека се собрани средства од околу 8,5 милиони денари.
- Во наредните неколку месеци ќе треба просторот партерно да се уреди и да се изгради паркингот. Како одбор, од граѓаните имаме собрано средства од околу 8,5 милиони денари и се уште пристигнуваат на сметката, а во финансирањето ќе се вклучи и локалната самоуправа, вели Наумоски.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески смета дека изградбата на капелата е од големо значење за градот.
- Имајќи предвид дека во состав на сите гробишта треба да има и капела, таква се направи во новите гробишта со средства со локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“. Исто така и за оваа капела ќе бидат одвоени дел средства за нејзина изградба. А со изградбата на џамијата во населбата Тризла, во нејзиниот внатрешен дел и таму ќе биде изградена капела, така што овие потреби и на христијанското и на муслиманското население во Општина Прилеп комплетно ќе бидат задоволени во наредниот период, изјави Ристески.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар