Се гради патот до штипските Еврејски гробишта
Општина Штип почна со подготвителни градежни работи за асфалтирање на патот до Еврејските гробишта. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека согласно потпишаниот меморандум со Еврејската заедница во Република Македонија и Амбасадата на Израел, општината има обврска да го изгради патот, а додека Еврејската заедница ќе треба да го уреди просторот околу гробиштата.
Должината на патот е околу 250 метри, а вредноста на проектот е 820.000 денари со вклучено ДДВ. Станува збор, нагласи Ристов, за проект кој е обврска на општината, согласно склучениот меморандум.
Во моментов пристапниот пат е тампониран, по што наредните денови се очекува градежна фирма и да почне со асфалтирањето. Ристов информира дека завршен е и тендерот за улицата „Тодор Чучков“, а во тек се тендерски постапки за улици во селата Врсаково, Долани и Суво Грло, средствата се обезбедени преку Агенцијата за подршка на руралниот развој.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава