Се гради патот до штипските Еврејски гробишта
Општина Штип почна со подготвителни градежни работи за асфалтирање на патот до Еврејските гробишта. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека согласно потпишаниот меморандум со Еврејската заедница во Република Македонија и Амбасадата на Израел, општината има обврска да го изгради патот, а додека Еврејската заедница ќе треба да го уреди просторот околу гробиштата.
Должината на патот е околу 250 метри, а вредноста на проектот е 820.000 денари со вклучено ДДВ. Станува збор, нагласи Ристов, за проект кој е обврска на општината, согласно склучениот меморандум.
Во моментов пристапниот пат е тампониран, по што наредните денови се очекува градежна фирма и да почне со асфалтирањето. Ристов информира дека завршен е и тендерот за улицата „Тодор Чучков“, а во тек се тендерски постапки за улици во селата Врсаково, Долани и Суво Грло, средствата се обезбедени преку Агенцијата за подршка на руралниот развој.
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во октомври 42 134 денари
-
Погодена македонската амбасада во рускиот ракетен напад врз Киев
-
Траги од Велибор Манев пронајдени на лепливата лента на устата на Вања
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-
Во Основниот суд Куманово одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
-
АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1