Се гради инфраструктурата во пробиштпската Индустриска зона 75

Во тек е пробивањето на нови улици и изградба на нова водоводна и канализациска мрежа во Индустриската зона 75 во општина Пробиштип. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека проектот се реализира на барање на граѓаните, согласно Програмата за работа на општината за 2017 година.
Деталниот урбанистички план за оваа индустриска зона, која е наменета за лесна и незагадувачка индустрија, предвидува 17 градежни парцели за изградба на комерцијално-деловни објекти, станбени згради и куќи.
- Се работи интензивно на пробивање и тампонирање на улици. Со овој проект се опфатени неколку помали улички, поврзување меѓу нив и две главни сообраќајници, кои што првпат се пробиваат во овој дел од градот. Овде веќе имаме направено нов Детален урбанистички план кој што опфаќа повеќе парцели, изјави Тоневски.
Тој истакна дека со изградбата на инфраструктурата општината создава услови инвеститорите веднаш да ги градат своите објекти. Ова е првата фаза од проектот која чини околу пет милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Пробиштип, а за наредната година се предвидува и асфлатирање на новите улици и сообраќајници, кои се со должина од речеси еден километар.
Ново на Сител
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
-

За 10 години бројот на првачиња намален за 10 000
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
