-->
-->
Се градат улици во велешкото село Иванковци
-->

Увид во градежните работи во велешкото село Иванковци денеска направи градоначалникот Славчо Чадиев со својот тим.
Како што информира Чадиев, моментално се уредуваат и бетонираат две улици во ова велешко село во должина од 600 метри и каналници од 275 метри, за што од Програмата за рурален развој, Општина Велес обезбедила 5 милиони денари.
Ако дозволат временските услови, двете улици, според Чадиев, треба да бидат готови за две недели.
- Со ова се решаваат два горливи проблеми на жителите од ова село, но останува да се реши проблемот и со остантите две-три улици во ова село, најави Чадиев.
Тој информира дека се средуваат и некои од улиците во Велес, а најави и оти за десетина дена е планирано досредување и на урбаната опрема околу патеките на велешкото Езеро „Младост“.
Чадиев најави и средување на улиците во велешкото село Караслари, а во селото Иванковци најави дека се подготвува тендерска постапка за изградба на нова училишна зграда.
Имено, училиштето во ова село изгоре во пожар од пред неколку години, по што беше изградено монтажно училиште каде веќе неколку години се изведува наставата, а каде моментално учат 85 ученици од прво до деветто одделение.
Марјанчо Ангеловски претседател на Месната заедница од село Иванковци искажа благодарност до Општина Велес за преземените активности во селото, кои според него, значат многу за жителите од ова најголемо велешко село со 850 жители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
