-->
-->
Се градат три мостови на Каменичка Река, Македонска Каменица
-->
Во Македонска Каменица во тек е изградба на три мостови на Каменичка река со што ќе се решава проблемот на жителите од неколку села и приградски населби кои поминуваа повеќе километри за да ја заобиколат реката и да стигнат до останатите населени места во општината.
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека изградбата на мостовите е на барање на жителите за подобра комуникација и пристапност до останатите населени места.
- Едниот мост се гради во населбата Павлиш Дол, вториот во месноста Раздол, а третиот до филтер-станицата што го позврува горниот дел од селто Моштица. Можам да кажам дека првиот мост е во напредната изградба по што ќе следува изградба и на другите два моста. Градежните работи ги извршува фирмата Хит градба од М. Каменица, а тие треба да завршат во текот на оваа есен, рече Митевски.
Инвестицијата за изградба на трите мостови чини 3,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев