Се градат две тениски игралишта во Македонска Каменица

Започна изградбата на две тениски игралишта во Македонска Каменица, како дел од проектот на Агецијата за млади и спорт за изградба на 100 тениски игралишта во земјава.
Како што истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, кој денеска изврши увид на стартот на градежните работи, овие тениски игралишта се дел од неговата програма и потреба на граѓаните кои подолго време бараа изградба на тениски игралишта.
- Овој проект е заеднички со Владата, односно финансиран од Агенцијата за млади и спорт. По целосната подготовка на планската документација и создадените услови од страна на Општината, Агенцијата изврши јавна набавка и еве денеска започнуваме со нивната изградба, рече Митевски.
Тој додаде дека градежните работи треба да завршат за 3 до 4 месеци.
- Општината ќе добие тениски терени на задоволство на граѓаните. Изведувач на работите е фирмата Конструктор и се надеваме дека свечено ќе ги пуштиме во текот на летниот период, рече Митевски.
Терените ќе бидат со инфраструктурни приклучоци, оградени со жичана мрежа и околу нив ќе има пристапна патека изработена од бекатон плочки. Покрај тоа ќе можат да се користат и во вечерните часови бидејќи ќе бидат осветлени со рефлектори. Терените ќе бидат со сертификат од интернационалната тениска федерација.
Македонска Каменица со поддршка на Агенцијата за млади и спорт изминативе години доби и повеќенаменско игралиште, како и спортска сала.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
