Бизнис
26. May 2016 - 19:40

Се градат 5 автопатски делници, вкупна инвестиција од 800 милиони евра

Градежната механизација на терен – интензивно се градат 5 автопатски делници,  во вкупна должина од 165 километри. Од нив 3 автопати се целосно нови, а  два се рехабилитираат. Вчера беше извршен увид на делницата Миладиновци Штип, каде 95% од трасата се пробиени, 10 километри од предвидените 47 се веќе асфалтирани, каде  државата инвестира 206 милиони евра. Паралелно се работи и на автопатот Демир Капија- Смоквица во должина од 28 колометри и вкупна инвестиција од 210 милиони евра и  Кичево Охрид, чија инвестиција изнесува   374 милиони евра

-Ова е историски важен момент за државата и развојот на нејзината економија  зошто се работи  паралелно на вкупно 165 километри делници, дел се во градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција од 800 милиони евра – изјави премиерот Емил Димитриев

Инвестициите во патната инфарструктура придонесоа за раст на градежнишвото , за нови вработувања и за вкупен економски прогрес

Паралелно со автопатските, се градат и ескпресни , локални и регионални патни правци.  Во моментов се реконструираат или рехабилитираат 14 регионални патни правци, во вкупна должина од 175 километри, и инвестиција од  над 80 милиони евра.