-->
-->
Се е' наместено! Шпанската полиција уапси 28 тенисери
-->
Шпанската полиција соопшти дека уапсила 83 лица, од кои 28 се професионални тенисери, поради местење натпревари на неколку различни турнири, соопшти Европол.
Во соопштението се вели дека меѓу уапсените е и еден тенисер кој минатата година учествувал на УС Опен,и дека постои сомнеж за наместени 97 натпревари.
Сè било организирано од страна на криминална банда од Ерменија, којашто ги подмитувала тенисерите за да влијаат на резултатите и притоа добивале парична награда, се вели во соопштението и се додава дека за да ја осигураат работата тие дури присуствувале на сите турнири.
За време на полициската акција во Шпанија биле запленети 167 000 евра, една пушка, повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, а притоа блокирани се и околу 40 банкарски сметки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог