Се чисти снегот на потешко пристапните улици во Карпош
Општина Карпош ангажираше зимска комунална служба, која рано утринава излезе на терен и го чистеше снегот на потешко пристапните улици низ локалната самоуправа, со четири специјализирани возила опремени со плуг, голем тенк за сол и ризла, информираат од општината.
– При интервенција на теренот, досега беа употребени 47 тони сол, а комуналните служби на фирмата „Анизор“, првенствено го расчистуваа коловозот во таканаречената „висока зона“ во општината, поточно во населбите Жданец, Трнодол, Нерези и Бардовци. Со соодветна механизација беа расчистени улиците „10“ и „6“ во населбата Бардовци, потоа улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ бр. 1, 4 и 9, „Милан Марковиќ“ во Козле, улицата „Козле 1“ и патот до муслиманските гробишта, во Нерези, патот во Долно Пантелејмон (кај православните гробишта), како и улиците „Трнодол“, „Жданец“ и „Теодосие Синаитски“. Исто така, службите ја исчистија и улицата „Загребска“ која води до Институтот за белодробни заболувања „Козле“, се вели во соопштението.
Од Општината додаваат дека комуналните служби ги расчистуваат и пешачките зони низ пофреквентните места во локалната самоуправа, како и пристапните влезови на детските градинки и апелираат до сопствениците на трговски локали, да бидат одговорни и да го расчистат снегот кој се наоѓа пред нивните објекти.
Ново на Сител
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар