Македонија
22. October 2015 - 15:37

Се чисти коритото на Зрновска и река Брегалница

Механизација ангажирана од општина Зрновци ги започна активностите за чистење на речните корита на Зрновска река и на река Брегалница која минува низ атарот на општината.
 
- Започнавме со чистењето на долниот дел од Зрновска река во должина од два километри од излезот на селото до вливот во река Брегалница. Се сечат дрвјата и се изнесува шутот надојден во реката, со што таа целосно ке биде исчистена. Паралелено со оваие активности, работиме на  чистењето и на коритото на река Брегалница во должина од 4 километри, кои останаа  по пролетното чистење. За оваа намена обезбедивме 8 тони нафта од државните резерви кои и беа доделени на општината, изјави градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
 
Станков истакна дека паралелено со чистењето на овие две речни корита по собирањето на родот ке се пристапи и кон чистење на каналите во Зрновско, како и поправка на полските патишта, уништени од поплавите годинава.
 
За потребите на земјоделците од село Мортодвис ќе се изградат и два моста на Морошка река, за полесен пристап до нивите во полето.