-->
-->
Се чистат од снег улиците во Куманово
-->
Вкупно 30 тони сол се фрлени последниве 24 часа по улиците во Куманово, информира општинскиот Сектор за урбанизам. Висината на снежната покривка е три до пет сантиметри, а последното чистење е спроведено синоќа, во доцните часови.
- Чистено е по приоритети од прва и втора зона по нагорнини, раскрсници, булевари, централните улици, потоа и помалите, изјави Момчило Јовановски, помошник-раководител на Секторот за урбанизам.
За зимско оддржување на улиците во Куманово задолжени се „Кооп Инжинеринг“ од Куманово и „Катинг“ од Скопје. За пофункционално оддржување, градот е поделен на две зони, кумановската фирма ја оддржува западната, а скопската источната зона од градот.
Според регионалниот центар за управување со кризи, висината на снежната покривка во општините Старо Нагоричане и Липково е околу пет сантиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ