Се чистат изворите и базените за вода за пиење во Македонска Каменица
Во Македонска Каменица почна чистењето на сите постоечки базени за вода за пиење, водоводни линии и извори. Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова вели дека целта е секое домаќинство во урбаниот дел, но и руралните средини да добијат чиста и здрава вода за пиење
- Веќе се започна со целосно испуштање и темелно чистење на базенот во Стара Каменица, а по завршување на овие активности, ќе следува поставување на нови филтер слоеви, осигурување на зафатите и базените за вода и поставување на автоматски хлоринатори. Со превидените активности на општина Македонска Каменица, покрај главната градска водоводна мрежа, ќе бидат опфатени и сите постоечки водоводни линии од јавен карактер во селските средини, истакна Стаменкова.
Со новите методи за прочистување на водата во селските средини ќе се избегне ставањето на поголеми количества на хлор. Оваа активност се спроведува од страна на Општина Македонска Каменица и комуналното претпријатие „Камена Река“.
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
