Се бори за живот на Ургентен - Момчето ја застрелало Виолета поради љубомора

Мирослав Костиќ, 23-годишно момче од Србија, пукаше во својата девојка поради љубомора. Тој со автоматска пушка пукал во Виолета Младеновиќ, неговата 19-годишна девојка која го изневерувала со друго момче. По кратка расправија, тој земал пушка и и нанел прострелна рана поради која младата девојка е во животна опасност.
Извор близок до истрагата за српскиот Курир вели дека Мирослав пукал во Виолета бидејќи дознал дека го изневерува и бил љубоморен. Сестрата на повредената девојка вели дека таа два месеци живеела со него и дека не можела да избега од куќата кога почнале проблемите.
- Проблематичен беше и љубоморен, не можеше да избега. Велеше дека не може да издржи, дека ја малтретира кога ќе си дојде дома. Таа работеше кај него, ја чуваше неговата баба, а пооа тој се заљуби. Доаѓаше пијан и и правеше проблеми. Таа отворено му кажа дека се заљуби во негов другар, а тој полуде, вели сестрата.
Момчето е приведено, а лекарите се борат за животот на Виолета.
Ново на Сител
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
