-->
-->
Се ближи ли крај на голготата: Уште едно дете остана за спасување, со него во пештерата е тренерот и други четири лица
-->
Вкупно 11 деца досега се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.Во пештерата засега останува едено дете, тренерот и уште четири лица.
Спасувачката операција трае три дена и секој ден досега беа извлекувани по четири момчиња.
Шефот на спасувачката операција Наронгсак Осотанакорн соопшти дека во пештерата заедно со момчињата и нивниот тренер се и еден лекар и тројца припадници на морнаричките нуркачи „Фоки“ за кои исто така изрази надеж дека денеска безбедно ќе излезат на површина.
Во третиот ден од операцијата во пештерата Там Луанг влегле 19 спасувачи. На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
