Бизнис
9. May 2022 - 16:34

Се бараат дополнителни 5 милиони евра за гасифакација со Ребалансот на Буџетот

Министерот за транспорт ќе бара со ребалансот да добие уште скоро 5 милини евра за довршување на гасификацијата и поврзувањето со Грција. Смета дека во услови на енергетска криза не треба да се запрат проектите од јавен интерес. Затоа не очекува да се кратат ниту парите за другите инфраструктурни проекти.

Над 90% од буџетот на Министерството за транспорт се наменети за капитални инвестиции, а меѓу приоритетите е и изградбата на пругата кон Бугарија, проект кој е во реализација над две децении. Директорот на Железници Инфраструктура вели дека воз за Бугарија ќе има во предвидените рокови.

Најавениот ребаланс на буџетот веќе се проектира, а надлежните очекуваат најдоцна во јуни да биде изгласан во Собранието. Податоците до сега покажуваат дека реализацијата на капиталните инвестиции секогаш е значајно помала од парите кои се планирани за таа намена.