Балкан
27. January 2016 - 13:24

Се бара за убиство - Доколку имате информации за ова лице МВР плаќа 400.000 денари

 
Хрватската полиција распиша награда за информации околу лице кое е поврзано со убиството на Винко Жуљевиќ од 3 мај минатата година.  Хрватското МВР објави дека ќе исплати 50.000 куни (околу 400.000 денари) на оној кој ќе даде информација за идентитетот на лицето кое е снимено на безбедносна камера.
 
Жуљевиќ беше полковник во пензија кој беше под истрага за воени злосторства во периодот околу 1993 година, а бил вмешан и во серија кривични дела меѓу кои и убиство, но бил ослободен од обвинението.
Винко Жуљевиќ беше убиен на 3 мај лани додека се враќал од неделната миса во црква.