-->
-->
Се бара убиецот: Дошол да купи прасе па го убил домаќинот
-->

Полицијата трага по убиецот кој со нож го прободел Радиша Миличевиќ (62), познат земјоделец од селото Поповац.
Иако се сомневаат дека убиецот пред неколку дена дошол да купи прасе од Радиша, полицијата проверува дали има и други мотиви за злосторството.
- Мајка ми Даница и татко ми биле во шталата кога дошол низок човек, заинтересиран да купи прасе. Татко ми со тој човек отишол да му ги покаже прасињата, а на мајката и рекол да донесе вага. Мама бро се вратила во дворот каде го затекнала татко ми целиот во крв, - изјавила за Блиц ќерката на Радиша.
Тие веруваат дека Радиша е прободен во шталата, но и покрај тоа тој се борел и успеал да стигне до дворот. Ќерката Јасна, напоменува и дека нејзиниот татко ниту должел, ниту пак нему му должеле.
- Напаѓачот не влезе во куќата, а мајка ми во шталата ја пронајде капата која ја носел. Очигледно е дека се бореле со татко ми , - завршила Јасна.
Обдукцијата потврдила дека Радиша бил убиен со неколку убоди во градите, вратот и главата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
