Се асфалтира улицата „Иво Лола Рибар“ во Штип
Во Штип од денеска почна да се асфалтира улицата „Иво Лола Рибар“, која е една од главните сообраќајни артерии во централното градско подрачје. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека асфалтирањето на оваа улица веќе десетина години е повеќе од потребно, бидејќи улицата, како што рече се наоѓа во навистина очајна состојба, а по неа секојдневно транзитираат граѓаните од сите делови на градот.
- Денеска сме во централното градско подрачје на улицата „Иво Лола Рибар“ каде асфалтираме 1.200 метри квадратни нова асфалтна површина, што значи дека одиме со реконструкција на постоечката улица во овој дел од градот. Оваа инвестиција изнесува околу 360.000 денари. Градежната офанзива продолжува и во наредните денови ќе продолжиме со улицата „Петта Партиска Конференција“, каде денеска започнуваат градежните активности, а со асфалтирање и обнова ќе продолжиме и на други улици во градот, вели Бочварски.
Тој додаде дека освен улицата „Иво Лола Рибар“, во периодот што претстои ќе бидат рехабилитирани и улиците „Петта Партиска Конференција“ и „Ѓорги Петров“ во населбата Сењак, во тек е и бетонирање крак на „Радански Пат“, се бетонира и крак на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, а веќе заврши санацијата и рехабилитацијата на улицата „Крушевска Република“ во населба Баби, каде како дополнителна активност, а на барање на тамошни жители, бетониран и е еден крак од улицата „Никола Коперник“.
Ново на Сител
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
-

Иран негира дека целосно го блокирал Ормускиот теснец, затворен е само за американски и израелски бродови
