Македонија
21. July 2016 - 12:55

Се асфалтира патот во село Жидилово, Крива Паланка

По алфалтирањето на новиот пат до манастирот „СВ. Јоаким Осоговски“, започна  и асфалтирањето на патот во село Жидилово.  На делницата од еден километар, ќе бидат поставени два слоја асфалт, еден со дебелина од седум сантиметри и вториот со дебелина од пет сантиметри. Во тек е асфалтирањето на првиот слој на асфалтот и половина од трасата е веќе асфалтирана. 

 
- Се асфалтира селска улица во село Жидилово, со два слоја на асфалт. Едниот слој е со дебелина од  седум сантиметри, другиот слој е со дебелина од пет сантиметри  и ширина од 3,5 метри и банкина 0.5 метри. Ова беше барање на жителите кое веќе е исполнето, а го опфаќа најнаселениот дел  во село Жидилово, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
 
Патот се гради со финасиски средства од  Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.