Се асфалтира патот од село Злести до манастирот „Сите свети“ во Лешани
Градежна оператива денеска го постави првиот слој асфалт на локалниот пат што ги поврзува селото Злести до манастирот „Сите Свети“ во селото Лешани, во општина Дебрца.
На асфалтирањето му претходеше проширување и тампонирање на банкините, како и крпење на ударните дупки.
Реконструираниот локален пат ќе биде со должина од 1.800 метри, со ширина на асфалтен коловоз од три метри и банкини од 0,75 метри од двете страни на асфалтниот коловоз, со што вкупната ширина на новиот пат ќе изнесува 4,5 метри.
Реконструкцијата на локалниот е проект на Општина Дебрца, со вкупна вредност на инвестицијата од 6.691.898 денари. Дел од финансиските средства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, а дел се од сопствени средства на општината.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно