-->
-->
Се асфалтира патот Илиово-Турија
-->

Завршија градежните работи за изградба на дел од локален пат Илиово-Турија, делница од село Турија-Трстија во должина од 400 метри.
Како што истакна градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски ова е проект кој е од огромно значење за жителите на овие две села, но и за сите жители од Делчево и Виница чии имоти се наоѓаат во овој регион кои добиваат олеснет пристап до истите.
- Верувам дека со изградбата на овие 400 метри асфалт на делот од локалниот патен правец Илиово - Турија ќе донесе нормално функцуонирање и подобар квалитет на животот на жителите кои овде живеат и оние кои гравитираат во овој дел.
За дореализација на целиот локален пат, остануваат уште 400 метри кои очекуваме да ги реализираме повторно со средства од Владата или од различни фондови од ЕУ, рече Трајковски.
Како што дополни градоначалникот на Делчево, овој проект за изградба на 400 метри се надоврзува на претходните два проекта со кои беа асфалтирани 1.100 метри на истата делница.
Средствата во висина од два милиони денари за оваа делница се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
