Се асфалтира патот Гостиражни-Богомила

Во тек е асфалтирање на патот село Гостиражни, општина Долнени, кон село Богомила, општина Чашка, во вкупна должина од 10,8 километри, а од кои годинава ќе се асфалтираат 6,5 километри.Средствата во висина од 50 милиони денари се обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта.
Патот е со ширина на коловозната лента од четири метри, а работите ги изведува „Македонија Пат“.
– Очекуваме да добиеме средства од ЈПДП за доасфалтирање на преостанатите 4,3 километри за идната година, кога планираме патот целосно да биде асфалтиран, информира за МИА градоначалникот на Чашка Горан Стојановски.
По подготвителните работи започна и градбата на новиот бетонски мост кај село Богомила. Постоечкиот Римски мост на кој поради тежината на сообраќајот кој поминува по него му претстои опасност да се сруши, општината ќе го пренамени само во пешачки и треба да биде туристичка атракција за посетителите на Богомила и Азот.
Градоначалникот Стојановски информира дека очекува наредната година Министерството за култура во соработка со Националниот конзерваторски центар Римскиот мост на реката Бабуна во Богомила да го реновира и заштити од пропаѓање.
Воедно целокупниот сообраќај ќе се префрли по новиот бетонски мост кој е во градба и се очекува да биде пуштен во употреба до мај наредната година.
Ново на Сител
-

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 1621 сообраќајни прекршоци, приведени 43 лица
-

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар
-

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина
-

Секојдневно се мие просторот околу контејнерите, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје
-

Долгоочекуваното судење на наводниот организатор на нападите од 11 септември закажано за 2028 година
-

Сончево и топло со температура до 39 степени
-

Објавување на конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ
-

ЦУК: До 7:30 часот 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола
