СДСМ:Мицкоски, Мизрахи и ВМРО ДПМНЕ го погазуваат Уставот и ја загрозуваат европската иднина на државата
Со непочитување на уставното име на државата и тоа во државна институција, техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи директно го прекрши Уставот и го загрози Договорот од Преспа кој ја гарантира иднината на нашите деца.
Таквото однесување кон Договорот со Грција е директен атак врз членството во НАТО и во Европската Унија. Со потегот на Мизрахи ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат покажа дека е деструктивна партија со единствена цел меѓународно да ја изолира државата.
Без почитување и без спроведување на Договорот од Преспа нема НАТО и нема ЕУ. Без НАТО и ЕУ државата нема прогресивна и европска иднина. Со игнорирањето на уставното име ВМРО- ДПМНЕ потврди дека е против договорот и дека упорно работи на проектот за изолирање и уназадување.
Потегот на Мизрахи, инициран од Мицкоски, по налог на азилантот од Будимпешта Груевски, е антидржавен и опасен за стратешките интереси на Република Северна Македонија.
Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?