СДСМ: Заев е најзаслужен што Струмица е нaјдобро место за инвестирање

Најголема заслуга што Струмица е најдобро место за инвестирање во Македонија има Зоран Заев, наведува СДСМ во пишаната реакција на денешната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Струмица.
- По цели 10 години и Никола Груевски призна дека Струмица е најдобро место за инвестирање во Македонија. Бидејќи Струмица е единствена незадолжена општина во Република Македонија. Бидејќи Струмица има најдобро деловно опкружување, со најдобри практики за транспарентно работење, во интерес на сите нејзини граѓани. Затоа што Струмица e првата општина во Југоисточна Европа којашто го доби меѓународниот Сертификатот за поволно деловно опкружување во јуни 2013 година, се вели во соопштението.
СДСМ посочува и дека со сертификацијата се стандардизира локалниот економски развој на Струмица како еден од најважните фактори за бизнис секторот и привлекување на инвеститорите, зголемени се инвестициските активности на компаниите за што веќе има проектирано околу 1.300 нови реални работни места. - Најголема заслуга за ова има човекот кој создаде услови Струмица да биде најдобро место за инвестирање во Македонија, претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, стои во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
