Македонија
15. August 2018 - 10:15

СДСМ: Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да кажат за што се и да се изјаснат за референдумот

Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.

Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја програма ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го имаат последниот збор, да одлучат за патот по кој ќе се движи државата.

Сега референдумот е пред нас, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став.

Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да кажат за што се и да се изјаснат за референдумот. Ако е за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за одбрана на криминалот на неговиот претходник, за изолација, назадување и неизвесност.

Граѓаните нема да дозволат некој да ја закочи македонската иднина.

На 30 септември, слободно и достоинствено, на референдум, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднина прифаќање на Договорот со Грција, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со зачуван и признаен македонски идентитет од целиот свет.

Граѓаните се јасно определни, сакаат светла иднина наместо темна небиднина. ДА за македонската иднина.