СДСМ: Вратите на ЕУ се отворени, опозицијата да ги поддржи уставните измени
Отворената врата кон Европската унија претставува историска шанса за реализација на стратешката цел на државата и на граѓаните.
По 10 години, во ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. Во наредните месеци ЕУ треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила.
Македонија има историска и реална шанса, веќе во 2030 година да стане полноправна членка на ЕУ.
Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата.
Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина.
Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени.
Потребно е усвојување на важни, државнички одлуки за реазлиација на оваа стратешка цел.
Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ затоа што тоа значи подобар животен стандард, подобра инфраструктура, економски напредок, социјална правда, врвна демократија, подобро владеење на правото.
Граѓаните се за интеграција, а не за изолација, сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.
СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење