СДСМ води во општините во Скопје
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, од обработени речиси 30 отсто од избирачките места кандидатите на СДСМ водат во скопските општини каде што се гласаше во вториот круг од локалните избори.
Во скопската општина Бутел води Велимир Смилевски од СДСМ со 54,72 отсто, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 42,69 отсто од гласовите.
Во Кисела Вода со 51,64 отсто води Филип Темелковски, пред Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ со 44,22 отсто.
Во Гази Баба се води изедначена трка меѓу Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 48,34 отсто од гласовите и Борис Георгиевски од СДСМ кој има 48,28 отсто.
Во Чаир води Зекирија Ибраими од БЕСА со 49,05 пред Висар Ганиу од ДУИ со 47,49.
Во Сарај Блерим Беџети од ДУИ води со 53,40 отсто, пред Башким Бакиу од БЕСА кој има 45,39.
Во Шуто Оризари води Курто Дудуш од СДСМ со 57,65.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта