СДСМ: Во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух
Како никогаш досега се содвива масовна здружена акција против загадувањето, проблем оставен од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ ја загади Македонија и со своите криминални, расипнички и неодговорни политики директно придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа.
За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух. Сите институции на централно и локално ниво со силен порив го обвновуваат уништеното зеленило, ги решаваат сите извори на загадување.
Во тек е есенска акција за засадување на Град Скопје, кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини.
АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на просторот околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва, со цел да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот.
Низ цела Македонија континуирано се чистат диви депонии, се расчистуваат коритата на реките и каналите од комунален отпад и ѓубре, а истовремено е засилен е инспекцискиот надзор и контрола против загадувачите.
Во рамки на Планот за чист воздух, на 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки.
1.700 висококвалитетни садници ќе бидат засадени во дворовите на градинките, а во голем број училишта се поставуваат прочистувачи за воздух.
Проблемот со аерозагадувањето е сложен и долготраен, затоа сите надлежни инсититуции секојдневно преземаат мерки за намалување на загадувањето, со цел за две години загадувањето да биде намалено за 50 отсто во Скопје, а за 30 до 50 отсто во цела Македонија.
Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец