Македонија
3. October 2019 - 16:40

СДСМ во кампања „На прав пат“ - не се подготвуваат за избори туку ќе ги слушаат граѓаните

Во црвена и бела боја, под мотото на прав пат, владејачката партија од денеска  стратува со теренски активности. СДСМ најавува секојдневни средби со граѓаните во помалите општини и трибини секој викенд во поголемите градови.

Владејачката партија тврди дека оваа кампања не е подготовка за предвремени избори, туку дека се работи за тековни активност за одблиску да ги слушнат секојдневните проблеми на граѓаните. На ваков начин ќе вршат надзор и врз работењето на сопствените градоначалници.

Кампањата на СДСм старутва во сабота со трибина во Штип, каде е најавено и обраќањето на лидерот Зоран Заев. Најголемата трибина владејачката партија ја закажа на 20 октомври во Скопје, веднаш откако ќе стане јасно дали Македонија ќе ги отпочне пристапните преговори со Европската унија.

По овој датум СДСМ најавува почеток на нова кампања под мотото од врата до врата.