СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја замајува јавноста со лажни вести и го злоупотребува трагичниот настан во Тетово
ВМРО-ДПМНЕ трет ден по ред ја замајува јавноста со лажни вести и дезинформации за модуларните болници. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски продолжува да тера политиканство, злоупотребувајќи го трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во очаен обид да спечали некој полтички поен.
Додека трае истрагата која треба да ги даде сите одговори во врска со пожарот, од Белата палата продолжуваат да манипулираат и шпекулираат, злоупотребувајќи ги чувствата на блиските на загинатите во пожарот.
На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е грижа за граѓаните, ниту за здравствениот систем, што впрочем го повторуваат цело време од почетокот на пандемијата, со лажни вести, саботирање, кршење на мерките, континуирано поткопување на напорите за справување со коронакризата и опструкции.
Таквото неодговорно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде казнето од грѓаните, како и на сите досегашни избори во изминатите четири години.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“
-

Преглед на вестите од светот
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
