СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на реформите во трудот и социјалната политика
Ништо ново, ВМРО-ДПМНЕ ја почна годината со манипулации, идентично како што се однесува годинин наназад.
Министерката Царовска уредно и согласно законските прописи го има пријавено имот и имотот на нејзиното семејство.
Очигледно ВРМО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на реформите во областите на трудот и социјалната политика после децениското погрешно уништување на системот од страна на режимот.
Додека парите на граѓаните ги трошеше на лажен барок, споменици и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше системот за социјална заштита, и ги понижуваше најранливите категории граѓани.
За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започна системска реформа којашто обезбедува социјална правда и трајно извлекува од сиромаштија.
Повеќе пари завршуваат кај граѓаните и поголема помош за секое семејство. Социјалната помош се зголемува за 300 отсто, се воведува гарантираната минимална помош, се олеснува пристапот до социјалниот надоместок на дополнителни 11 илјади домаќинства, за повеќе од 60.000 деца се воведува образовен и детски додаток, се реши проблемот со стечајните работници, се покачи минималната плата…
Наместо да измислува непостоечки, манипулативни теми за прес конференции киошто немаат никаква врска со реалноста ВРМО-ДПМНЕ нека соопшти некој предлог, идеја, визија во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
-

Рокот на спорните серии на БСЖ во Македонија истекол во јуни годинава - нема ниедна несакана реакција
-

Вакцинацијата против грип ќе почне кон крајот на октомври
-

Измени за Законот за животна средина
-

Три години по нападот на Хамас врз Израел, како се смени безбедноста на еврејските заедници?
-

Пакетот закони за реформи на администрацијата и за минимална плата од 600 евра пред пратеници
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
-

Македонија ќе добие вакцини БСЖ со помош на УНИЦЕФ

