СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица стојат зад срамните протести

СДСМ најостро ги осудува протестите, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите на протестите во неделата.
Докторите и медицинскиот персонал се нашите херои кои заслужуваат длабока почит и благодарност, бидејќи тие неуморно се на првите линии во одбрана од корона вирусот.
Правото на протест е уставно загарантирано, но исто такво е и правото на здравје.
Пораките од протестите, иконографијата идентична со опозициските митинзи, нападите против актуелни министри, покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица,помогнати од движењето Бојкотирам.
Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица силно се спротивставуваа на новите мерки за заштита на здравјето и за цело време од пандемијата дејствуваат спротивно од препораките, отворено поттикнувајќи непочитување на мерките.
Дезинформациите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои одвраќаат од вакцинација се на директна штета на сопственото, но и колективното здравје.
Пораките, нападите од срамниот протест се директно загрозување на здравјето на граѓаните во време кога сите напори се насочени кон што поголем опфат на вакцинација.
Масовната вакцинација е единствениот начин да се заштитиме себеси и оние околу нас.
Ги повикуваме граѓаните кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро.
Недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините е фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните.
Од исклучителна важност е и почитувањето на новите мерки за заштита на здравјето.
Во многу држави се бара ковид сертификат за влез во различни објекти и на настани и тоа не е дискриминација, туку одговорност и заштита на колективното здравје.
Да бидеме одговорни кон себе и кон другите, да придонесеме во борбата која е заедничка за целиот свет.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
