СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спремни да ја втурнат државата во меѓуетнички конфликт
ВМРО-ДПМНЕ во очај станува се порадикална и поекстремна во своите настапи и своето дејствување.
Се што оваа партија прави е свовиден натпревар по екстремизам со политичката партија Левица чиј што заложник е.
Во таа насока е и тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој од Собранието зборува и се заканува со војни и конфликти.
Во 2023 година, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ се закнуваат со војни и конфликти, што само го потврдува степенот на очај и слабост во партијата предводена од Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спремни да ја втурнат државата во хаос и безредие, во меѓуетнички конфликт, тоа се обидоа да го направат и за време на Европскиот предлог, а сега кога државата повторно е пред клучни решенија, тие повторно се закануваат.
Но колку и да посакуваат такви црни сценарија, СДСМ, граѓаните, сите демократски сили нема да дозволат тоа да се случи.
Деструкциите и заканите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица одново ќе бидат поразени.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
